Top Sport

Барал премногу пари – Барса се откажа од Френк Кеси

Според шпанскиот „Диарио спорт“, Барселона веќе не е заинтересирана за потпис на фудбалерот на Милан, Френк Кеси поради огромните финансиски барања на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

Договорот на Кеси со Милан завршува на крајот на сезоната и тој најверојатно нема да потпише нов договор со „росонерите“, бидејќи бара плата од 8-9 милиони евра годишно, додека Милан се подготвени да дадат максимум 6 милиони евра.

Поради ова, повеќе големи клубови беа заинтересирани за трансфер на 25-годишниот фудбалер од средниот ред, но меѓу нив веќе не е Барселона, која му понудила „само“ 5 милиони евра по сезона, нешто што неговиот агент го одбил.

Според „Ла газета дело спорт“, повеќе премиерлигашки клубови се подготвени да ја дадат оваа сума за него, но можен е и трансфер во Јувентус или Интер.

Scroll to Top