Францускиот фудбалер Жулиен Фобер се присетил на периодот кога добил понуда да се пресели во реал Мадрид. Фобер рекол дека при првиот повик од Мадрид ја спуштил слушалката мислејќи дека се работи за шега.
Фобер последниот ден од јануарскиот преоден рок во 2009 година од Вест Хем се преселил во Реал на позајмица.
„Бевме во автобус имавме натпревар со Фулам. Ми се јави некој Француз од Реал и ми кажа: ‘Здраво, се јавувам од Реал и сакаме да разговараме со тебе’. Му кажав дека се подготвувам за важен натпревар и дека нема време за такви глупости. Го исклучив телефонот, а кога го вклучив по натпреварот видов дека имам 30 пораки, тогаш ми стана јасно дека работата е сериозна“, рекол Фобер.
„Менаџерот ми кажа дека мораме да разговараме со претставниците на Реал, дека тие се во хотел во Лондон. Беше последен ден од преодниот рок, тие беа дојдени на преговори. Бев среќен, па тоа е Реал Мадрид. Им бев втори избор по Антонио Валенсија кој потпиша за Манчестер Јунајтед“.
Фобер во денес е играч на Сан Рафаел. Неговата кариера во Реал траеше само шест месеци, период во кој настапи на само два натпревари.