ФИФА во своето седиште во Цирих во вторникот ги извлече двојките за баражот за пласман на Светското првенство во Русија.
Ждрепката ги спои Северна Ирска и Швајцарија, Хрватска и Грција, Данска и Република Ирска, односно Шведска и Италија.
Првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите на програмата ќе бидат од 12 до 14 ноември.
Во натпревари ќе се одиграат и во интерконтиненталниот бараж Перу- Нов Зеланд и Хондурас – Австралија.
Светското првенство во Русија ќе се одржи наредната година од 14 јуни до 15 јули. н.ц.