Енис Барди и Леванте, добија реална шанса да изборат пласман во финалето. во Купот на Шпанија.
На денешната ждрепка, Леванте ги избегна, фаворитите Барселона и Севилја и за противник го доби Атлетик Билбао. Двата тима, одиграа драматични натпревари во четврт-финалето.
Леванте со голот на Роџер Марти во 121.минута го победи Виљареал, додека Атлетик Билбао, најпрвин со голот на Раул Гарсија во 94.минута, избори продолженија против Бетис, а потоа по изведувањето на пенали се пласира во полу-финалето.
Втората полу-финална двојка ја формираа Севилја и Барселона.
Првите полу-финални натпревари ќе се одиграат на 9. и 10.февруари, а реваншите се закажани за 2. и 3.март.
Интересно помеѓу двата натпревари во Купот, Севилја и Барселона, на 28.февруари ќе играат натпревар и во првенството на Шпанија.