Top Sport

Барди ја потврди победата на Леванте (Видео)

Енис Барди стави точка на убедливата победа на Леванте во дуелот со Рајо Валјекано. Леванте, во првиот меч од саботната програма во рамките на 36 коло во Ла Лига, забележа победа 4:1 и освои значајни бодови во борбата за опстанок, додека Рајо со „една нога“ се во Сегунда дивизија.

Левенте до победата стигна со головите на Кампања во 14, Рубен Везо во 43, Тоњо во 86 и Барди во 91 минута. Единствениот гол за Рајо го постигна Гарсија. Столе Димитриевски натпреварот го гледаше од клупата за резерви.

Инаку, играчот на Леванте Моралес во 30 минута не реализираше пенал. Неговоиот удар го одбрани Алберто Гарсија.

Леванте по ова коло има 40 бода, а Рајо остана на 31 бод.

Scroll to Top