Top Sport

Барди одигра 87 минути, Леванте славеше на Канарите (видео)

Шпанскиот прволигаш Леванте стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Лас Палмас за да се искачат на 12. место во Ла лига, а македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 87 минути за тимот од Валенсија.

Леванте одигра добро прво полувреме во значително подобрување на формата од последните недели, со шанси за Унал и Барди, кои ги спречи голманот на домаќините. Во 24. минута, судијата го поништи голот на Калиери поради сомнителна офсајд-ситуација.

Отпорот на домаќините беше скршен во последните 20 минути – прво преку Дукуре во 71. минута, а потоа преку одличниот гол на Жасон во 78. минута.

Scroll to Top