Леванте има 1:1 по првите 45 минути против шампионот Атлетико Мадрид, откако македонскиот репрезентативец Енис Барди беше прецизен од белата точка за израмнување во финишот на првото полувреме.
Антоан Гризман во 12. минута го постигна својот прв гол во Ла лига по враќањето во Атлетико за предност на гостите, но во 37. минута, Барди од белата точка израмни на 1:1.