Top Sport

Барела: Сакам да бидам вреден за Интер како Дејан Станковиќ

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Николо Барела открива дека поранешната српска ѕвезда, Дејан Станковиќ му бил идол кога растел, и вели дека се надева дека ќе ги повтори неговите успеси со „нераѕурите“.

Италијанецот откри зошто го избрал дресот со бројот 23 во Интер.

„Бидејќи кога пристигнав во Интер, бројот 18, кој секогаш беше мој број беше кај Квадво Асамоа. Го избрав бројот 23, кој беше на Леброн Џејмс. Еден од моите идоли беше Дејан Станковиќ, и навистина ми се допаѓаше неговиот стил на игра. Секогаш сакав да научам нешто од неговата игра и да го повторам неговиот успех со Интер“, вели 24-годишиот Барела.

Scroll to Top