Top Sport

Барнли го врати ветеранот Питер Крауч во Премиер лигата

Тимот на Барнли потврди дека ветеранот Питер Крауч ќе се приклучи на премиерлигашот од Стоук сити во обид да се поправи нападот на „кларетс“, кои се само 17. на табелата и се борат за опстанок, иако имаат четири поени предност пред Кардиф сити.

38-годишниот Крауч, кој постигна 22 гола во 42 настапи за англиската репрезентација е седми фудбалер на Барнли кој еднаш бил англиски репрезентативец, и доаѓа во клубот до крајот на сезоната.

Тој има само еден гол во Чемпионшип оваа сезона, но тренерот Шон Дајч смета дека може да направи разлика на највисоко ниво.

„Питер е гладен за голови како кога имаше 20 години и подготвен е да игра на највисоко ниво“, вели Дајч.

Scroll to Top