Барнли по четири порази, конечно, стигна до победа, откако во возбудлив меч со 2:1 го совладаа третопласираниот тим во Премиер лигата, Лестер, каде што трагичар беше Џејми Варди, кој утна пенал за победа.
Харви Барнс ги донесе „лисиците“ во водство на „Турф мур“ со убав соло гол во 33. минута, но Барнли успеа да се врати во 56. минута со голот на Крис Вуд. Тогаш дојде клучниот момент, кога во 68. минута беше досуден пенал за гостите, но ударот на Варди заврши само во рацете на голманот Тим Поуп.
Човек на одлука беше Ешли Вествуд, кој во 80-тата минута по една лоша интервенција на одбраната на Лестер, го казни тоа со убав гол. Лестер остануваат трети со 45 поени, три помалку од Манчестер сити, додека Барнли се на 14. место со 27 поени, пет поени над зоната за испаѓање.