Top Sport

Барнли прва премиерлигашка „жртва“ во ФА купот

Барнли стана првиот премиерлигаш кој испадна во најстарото клупско натпреварување на светот, ФА купот, откако дома успеаја со 1:2 да загубат од второлигашот Хадерсфилд.

Со поразот се надополнува големата криза во Барнли, кои имаат само една победа во Премиерлигата оваа сезона и се заглавени во зоната за испаѓање. Џеј Родригез ги донесе домаќините во водство во првото полувреме, но во второто тие играа очајно и примија два гола за големо изненадување.

Кристал палас на Патрик Виера исто така беа блиску до елиминација откако губеа со 1:0 на гостувањето кај лондонскиот ривал Милвол, но се вратија во второто полувреме за 1:2 победа.

ФА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ

Менсфилд – Мидлзборо 2:3

Бристол – Фулам 0:0, 0:1 по продолженија

Барнли – Хадерсфилд 1:2

Ковентри – Дерби каунти 1:0

Хартлпул – Блекпул 2:1

Милвол – Кристал палас 1:2

Scroll to Top