Барнли се бранеше во поголемиот дел од 90-те минути на „Вила парк“, но успеа да извлече 0:0 реми со Астон вила и со поенот да излезе од зоната за испаѓање во Премиер лигата.
Тимот на Шон Дајч, по шокантната победа над Арсенал во текот на викендот (само втора победа оваа сезона), со поенот од Бирмингем стигна до 10 поени на 17. место, праќајќи ги Фулам на 18. место со 9 поени.
Вила може да жали за повеќето шанси што ги имаше во мечот и сега останува на 11. место со 19 освоени поени.