Top Sport

Барнли за 5 минути го реши Палас сред Лондон

Убедлив гостински триумф на Барнли во Лондон против Кристал Палас 0-3 во рамки на 24. коло во Премиерлигата.
Гостите работата ја завршија за 5 минути, од петтата до десетата минута од мечот кога постигнаа два гола.

Најпрво Гудмундсон донесе предност од 0-1, а неколку минути подоцна и Родригез се запиша во листата на стрелците.
Третиот последен гол за Барнли беше дело на Лојтон на воведот на вториот дел, во 47 минута.

Со овие три дена Барнли осетно се одлепи од зоната за испаѓање, па сега од Фулам кој е трет од днота на табелата е одалечен цели 11 бода.

Scroll to Top