Поради епидемијата на коронавирусот уште еден меч во Лигата на шампионите ќе биде одигран зад затворени врати. Станува збор за осмина-финалниот реванш помеѓу Барселона и Наполи. Натпреварот на програмата е на 18 март на „Камп Ноу“.
Одлуката натпреварот да се игра без публика ја донеле клупските челници по состанокот со претставници на владата на Каталонија.
Вчера регионалната влада донесе одлука дека не ги одобрува масовните собири, а особено се против на доаѓање на навивачи од Италија.
Првиот натпревар помеѓу двата тима што се одигра во Неапол заврши со резултат 1:1.
Од претходно е познато дека без публика вечерва ќе играат Валенсија и Аталанта, а утре ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Се уште не е познато ќе се својот реванш ќе го одиграат Јувентус и Лион.
The Champions League match scheduled for Wednesday, March 18, between FC Barcelona and Napoli, will be played at Camp Nou behind closed doors. pic.twitter.com/4uceIGrobY
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 10, 2020