Top Sport

Барса добија конкуренција, Гвардиола го сака Лаутаро во Сити

Челниците на Интер наредното лето ќе имаат тешка задача за да го задржат на „Џузепе Меаца“ напаѓачот Лаутаро Мартинез (22). Познато е дека Барселона покажува интерес за Аргентинецот, а според медиумите во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и Манчестер сити.

Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси во суперлативи говорел за квалитетите на својот сонародник, а според шпанските медуми им препорачал на луѓето од клубот да го донесат Лаутаро на „Ноу Камп“.

За реализација на трансферот Барса ќе има жестока конкуренција во Манчестер сити. Наводно Пеп Гвардиола сметал дека Лаутаро би бил идеална замена за Сехио Агуеро кој наскоро ќе наполни 32 години.

Лаутаро Мартинез во својот договор има откупна клаузула од 111 милиони евра.

Свесни за интересот што го имаат другите клубови спортскиот директор на Интер, Бепе Марота добил зелено светло од сопствениците да ги започне преговорите со Лаутаро за продолжување на неговиот договор.

Сезонава Аргентинецот има одиграно девет натпревари и постигнал три гола.

Scroll to Top