Top Sport

Барса доколку не го продаде Кутињо ќе мора да го „замрзне“ неговиот статус

Еден од најскапите играчи во историјата на фудбалот, Флипе Кутињо, би можел да ја пропушти новата сезона доколку Барселона не најде начин да го проследи во друг клуб.

Кутињо, во Барселона се пресели од Ливерпул, во јануари 2018 година. Барселона за неговиот трансфер издвои 135 милиони евра, но договорот постојат клаузули кои доколку бидат исполнети само ќе ја кренат цената на трансферот.

Едена од клаузулите вели дека Барселона ќе мора да плати 20 милиони евра, во моментот кога Бразилецот ќе одигра 100 натпревари за клубот од „Ноу Камп“.

Кутињо, кој една сезона беше позајмен во Баерн Минхен, досега одиграл 90 натпревари за Барселона.

Каталонците се наоѓаат во тешка финансика ситуација, на сите можни начини се обидуваат да го скратат буџетот за плати. Тоа значи дека Кутињо нема да игра доколку не најде друг ангажман.

Проблем во евентуалниот трансфер претставува неговата плата, Кутињо на „Ноу Камп“ заработува речиси 20 милиони евра годишно.

Scroll to Top