Top Sport

Барса ги продава Кутињо, Пјаниќ и Умтити

Филипе Кутињо, Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити се сигурни на трансфер-листата на Барселона, во обид каталонскиот гигант да ги намали трошоците, тврди порталот „Гол“.

Барселона има долг од фантастични милијарда евра, како еден од најпогодените клубови од пандемијата на корона вирусот, и приоритет на претседателот Жоан Лапорта, покрај убедувањето на Лео Меси да остане на „Ноу Камп“ е да се намали бројот на играчи кои добиваат високи плати.

Покрај овие тројца, Барса е подготвена и за понуди за Жуниор Фирпо, Мартин Брејтвајт и Матеуш Фернандеш. Според „Гол“, Пјаниќ заработува 16 милиони евра годишо, додека Умтити има плата од 14 милиони евра, што може да претставува голем проблем при договарањето на било каков трансфер.

Од друга страна, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Серхи Роберто, Клемен Ленгле и Антоан Гризман исто така имаат високи плати и Лапорта ќе се обиде да ги убеди да прифатат намалување на платите. Единствени кои се сметаат за „недопирливи“ се Роналд Араухо, Ансу Фати, Педри и Френки де Јонг.

Scroll to Top