Иако минхенски Баерн уште од февруари се обидува да го доведе во своите редови играчот на Ајакс, Сержињо Дест (19), сепак десниот бек е на пат кон Барселона.
Синоќа челниците на клубовите од Амстердам и од Каталонија постигнале договор околу трансферот. Дест по победата над Витесе се простил од соиграчите и за 20 милиони евра се сели на „Ноу Камп“.
Се очекува утре тој да пристигне на медицински прегледи.
Барса направи ротација на позицијата десен бек откако пред десетина дена Нелсон Семедо направи трансфер во премиерлигашот Вулверхемптон за 30 милиони евра.
Минатата сезона Дест одигра 20 меча во холандскиот шампионат и имаше 5 асистенции.
Не е исклучено екипата предводена од Роналд Куман да се засили и во средниот ред каде на расолагање ги има Серхио Бускетс, Миралем Пјаниќ и Френки де Јонг.