Барселона внимателно го следат развојот на настаните во Манчестер јунајтед и конфликтот на Џејдон Санчо со менаџерот Ерик Тен Хаг, за потенцијално да тргнат по неговиот потпис веќе во јануари, тврди каталонскиот „Спорт“.
Санчо е пратен на индивидуални тренинзи, откако одбил да се извини на својот тренер за постовите на социјалните мрежи во кои го обвини дека лажел за неговото слабо залагање во тимот. Тој е практично исфрлен од првиот тим, иако е регистриран за настапи во Премиерлигата и во Лигата на шампиони.
Се верува дека Јунајтед ќе бидат отворени на можноста тој да замине веќе во јануари, и би преферирале да го продадат, додека финансиската состојба на Барселона ги ограничува на можност за позајмица.