Top Sport

Барса го сакаат Стерлинг на позајмица во јануари

Барселона ќе се обидат да се договорат со Манчестер сити за позајмица на Рахим Стерлинг веќе во јануари, тврди каталонскиот „Спорт“.

Стерлинг не е редовен стартер кај Пеп Гвардиола оваа сезона, а во Барселона ќе му понудат далеку повисока минутажа. Според каталонскиот весник Стерлинг е подготвен да игра со својот поранешен соиграч Серхио Агуеро на „Ноу Камп“ и покрај тоа што силата на овој тим на Барселона е далеку од нивото на кое сме навикнати да ја гледаме.

26-годишниот Стерлинг имаше одличен настап со Англија на Европското првенство, но досега во петте меча во Премиер лигата на Сити, беше стартер само за првиот меч против Тотенхем во август.

 

Scroll to Top