Top Sport

Барса го убедува Ленгле да замине на позајмица во Тотенхем

Барселона се надева дека Тотенхем ќе успее да го убеди Клемен Ленгле да замине во премиерлигашот ова лето, за да почне летната „чистка“ во каталонскиот клуб, тврди „ЕСПН“.

Тотенхем и Барселона подолго време се во преговори околу Французинот, на кого Барса не сметаат следната сезона, и иако би преферирале постојан трансфер, ќе се задоволат и со позајмица за да заштедат на платите за фудбалерите. 27-годишниот Ленгле неколку преодни рокови одбиваше да замине од Барселона, но откако јасно му беше порачано од тренерот Чави Ернандез дека не е во неговите планови.

Барса веќе имаат устен договор со Андреас Кристенсен од Челси на слободен трансфер, Роналд Араухо неодамна го продолжи договорот, а се очекува и Жил Кунде од Севилја да пристигне ова лето. Покрај Ленгле, и Самуел Умтити и Оскар Мингуеза се „непожелни“.

Scroll to Top