Top Sport

Барса го зеде талентираниот Мекгвејн од Арсенал

Играчот од средниот ред на Арсенал, Маркус Мекгвејн потпиша тригодишен договор со Барселона, која реши да ризикува со трансфер на 18-годишниот фудбалер.

Мекгвејн потпиша договор до 2021 година и веднаш ќе почне да игра во Б-клубот, а клаузулата во договорот е проценета на 25 милиони евра.

Мекгвејн имаше само два настапи за првиот тим на Арсенал, поминувајќи време со У-18, У-19 и У-23 тимовите на Арсенал, по што бараше трансфер за да го продолжи своето унапредување.

Според „Мирор“, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не сакал да го пушти младиот Англичанец, но тој бил убеден од генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегуера.

Scroll to Top