Top Sport

Барса и Ал-Наср во „лов“ на Марцело Брозовиќ

По заминувањето на Серхио Бускетс на крајот на сезоната, Барселона знае дека мора да најде засилување во средниот ред на тимот на Чави Ернандез, а по неуспехот да ги обезбедат Мартин Зубименди и Џошуа Кимих ова лето, клубот се фокусира на обезбедување на хрватската ѕвезда на Интер, Марцело Брозовиќ, тврди „Мундо депортиво“.

Сепак, пред Барса е голема пречка, бидејќи за Брозовиќ се заинтересирани Ал-Наср, тимот на Кристијано Роналдо. Брозовиќ повеќе би сакал да остане во Европа, така што трансферот во Каталонија е попривлечен, но сумата која ја нуди саудискиот клуб може да биде одлучувачка.

Интер се подготвени да го продадат Брозовиќ за 25 милиони евра, но и оваа сума може да биде проблем за Барселона поради тешката финансиска ситуација во клубот.

Scroll to Top