Top Sport

Барса им го „краде“ Траоре на Тотенхем

Каталонскиот „Спорт“ тврди дека Барселона активно бара замена за Усман Дембеле, кој може да замине од клубот овој месец или на крајот на сезоната, и една од опциите е враќање на Адама Траоре од Вулверхемптон во клубот.

25-годишниот Траоре е фудбалер произлезен од „Ла масија“, славната фудбалска школа на Барселона, но имаше само четири настапи за сениорскиот тим, пред во 2015 да замине во Англија, каде што играше за Астон вила и Мидлзборо пред да направи трансфер во Вулверхемптон.

За него голем интерес постои и кај Тотенхем, но Барселона во договорот вреден 20-тина милиони евра може да го вклучи и трансферот на Франциско Тринкао, кој е на позајмица кај „волците“.

Scroll to Top