Барселона го понудиле Филипе Кутињо на Милан, во обид да го намалат својот буџет за плати, а „росонерите“ уште не одлучиле дали да му дадат шанса на бразилскиот плејмејкер.
Барселона се обидува да го намали својот буџет за конечно да го продолжат договорот со Лионел Меси, кој зависи од исполнувањето на правилата на Ла лига околу буџетот на тимот, а Милан е во предност на другите европски клубови за 29-годишниот Кутињо поради даночните олеснувања кои се на сила за странци кои доаѓаат барем на двегодишен престој во Италија.
Покрај Кутињо, од „Ноу Камп“ сигурно заминува и Жуниор Фирпо, за кого веќе имаат договор со Лидс јунајтед за 15 милиони евра, и сега се чека само поминувањето на медицинските прегледи.