Крајот на трансфер-сагата на ѕвездата на Лидс јунајтед, Рафиња е пред крај, откако Барселона, конечно, понудила идентична сума како Челси (60 милиони фунти) за Бразилецот, и сега Лидс треба да се согласи во следните 48 часа, тврди „Гол“.
Рафиња преферира да замине во Каталонија, откако се согласи за личните услови со нив уште во мај, и сега Лидс ќе треба да се согласи сумата да се исплаќа на рати поради финансиските проблеми на Барса. Според „Гол“, „дупката“ во буџетот на каталонскиот гигант е неверојатни 600 милиони евра, и треба да се пополни со продажба на нивните ТВ-права, но, секако и со продажба на играчи.
Рафиња и неговиот агент, славниот поранешен фудбалер на Барса, Деко, им дале на клубовите рок од 48 часа да се склучи договорот, и во спротивност повторно ќе почнат да преговараат со Челси за потенцијален трансфер на „Стемфорд бриџ“.