Top Sport

Барса има 6 милиони причини да не игра со Наполи на празен „Ноу Камп“

Фудбалот ширум Европа има се повеќе проблеми поради коронавирусот. Некои од мечевите во ЛШ или ЛЕ ќе се играат без публика.

За реванш мечот од ЛШ меѓу Барселона и Наполи што на 18-ти овој месец треба да се одигра на „Ноу Камп“ се уште се чека конечната одлука.

Доколку Каталонците ги пречекаат Наполитанците на празен стадион, тоа скапо ќе го чини шампионот на Шпанија.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу за медиумите во Каталонија изјави кои се финансиските последици за клубот доколку мечот се одигра без публика.

Барселона со играњето пред празни трибини би изгубила 6 милиони евра.

„Секако дека тоа би бил голем финансиски губиток. Не само за Барселона, туку за секој клуб кој би морал да игра пред празни трибини. Тоа е проблем на сите и парите се секундарен фактор. Здравјето е на прво место. Нормално дека постои жал и тоа влијае на членовите на клубот, на навивачите, на фудбалскиот свет“ – рече Бартомеу, пренесе „Марка“.

Првиот осминафинален меч меѓу овие две екипи одигран во Неапол заврши нерешено 1-1.

Scroll to Top