Top Sport

Барса како Хрватска, од наредната сезона во дресови на коцки?

Навивачите на Барселона се против тимот наредната сезона да настапува во дресови на коцки. Во анкетите на „Мундо депортиво“ и „Ел насионал“ речиси 76 отсто гласале против предложениот дрес.

Дизајнот на спорниот дрес се појавил на денот кога Барселона и компанијата „Најки“ прославија 20 години од соработката.

Иако нема официјална потврда дека наредната сезона дресовите на Барселона ќе биде ист како оној на репрезентацијата на Хрватска, навивачите и медиумите јасно кажаа дека се против уривањето на традицијата.

„Барселона треба да се откаже од иновации и да го задржи својот класичен стил. Хоризонтални пруги или коцките не се во стилот на Барселона“, напишал еден од читателите под анкетата на „Мундо депортиво“.

Барселона, од основањето во 1899 година, на дресовите има вертикални пруги, исклучок беше сезоната 2015/2016 кога тие беа хоризонтални.

Scroll to Top