Top Sport

Барса ќе го одмори Педри, постои загриженост по серијата повреди оваа сезона

Барселона одлучила да го „одмори“ Педри во последните три меча од сезоната во Ла лига, стравувајќи од мускулна повреда откако 20-годишниот талент на каталонскиот клуб го пропушти и мечот против Реал Сосиедад во саботата поради проблеми со десниот бутен мускул.

Според каталонскиот „Спорт“, Педри ќе биде фокусиран на зголемувањето на мускулната маса во текот на летната пауза од фудбалот, очекувајќи да се врати подготвен за пред-сезоната.

Бидејќи титулата од Ла лига веќе е освоена, Барселона може да си дозволи да ги одмори главните ѕвезди.

Scroll to Top