Top Sport

Барса ќе го „замрзне“ Дембеле ако одбие да го продолжи договорот

Првите луѓе на Барселона се сигурни дека ќе се договорат со Усман Дембеле за продолжување на договорот, но се подготвени да го „замрзнат“ и да не му дадат шанса да игра доколку преговорите не завршат поволно.

Дембеле, иако тренираше со своите согирачи, не беше во составот на Роналд Куман за мечот во среда против Рајо Валјекано, и шпанските медиуми тврдат дека ќе му се случи истото како на Илаиш Мориба откако тој одби да го продолжи договорот инсистирајќи на многу повисока плата од понудената.

„Најважно е тоа што сакаме тој да остане, бидејќи е квалитетен фудбалер. Целта е да го обновиме договор, а друга работа е ако тој не го сака тоа“, изјави денеска Куман.

Дембеле има договор до летото 2022 година, што значи дека во јануари ќе може да почне да преговара со други клубови, со Њукасл јунајтед како реална можност.

Scroll to Top