Барселона, во јануарскиот преоден рок, ќе се обиде да му ги исполни желбите на тренерот Роналд Куман. Холандскиот тренер побарал во тимот да пристигнат централен дефанзивец и напаѓач.
Прашање е само дали Барселона финансиски ќе може да одговори на желбита на тренерот.
Оваа изјава на Куман, јасно открива дека клубот, во зимскиот преоден рок, е се обиде да ги донесе Ерик Гарсија од Манчестер сити и Мемфис Депај од Лион. Овие двајца имаат договори со своите клубови до крајот на сезоната. Поради тоа во Барселона веруваат дека, во јануари, ќе можат да ги донесат за малку пари.
„Разговараме редовно на таа тема. Бараме централен дефанзивец и напаѓач“, рекол Куман. Холанѓанецот одговорил и на прашањето дали клу бот ќе бара замена и за повредениот Ансу Фати. Младиот напаѓач ќе биде отсутен најмалку до февруари наредната година.
„Не мораме да потпишеме друг фудбалер поради повредата на Фати“, рекол тренерот на Барселона.