Барселона успеа да договори трансфер на уште еден талентиран фудбалер. Во летниот преоден рок на клубот ќе му се приклучи 18-годишниот, Пабло Торе. Барса во трката за потписот на фудбалерот го победи Реал Мадрид.
Пабло Торе сезонава игра за Расин Сантандер во третиот ранг на шпанскиот фудбал. За неговиот трансфер Каталонците ќе издвојат 5.000.000 евра. Доколку бидат исполнети бонусите кои ќе бидат вметнати во договорот, Расинг максимално би можеле да инкасираат и 20.000.000 евра од овој трансфер.
Фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2026 година. Откупната клаузула ќе изнесува 100.000.000 евра.
Шпанските медиуми открија што било пресудно тој да го одбие Реал. Агенцијата која ги застапува неговите интереси е застапник и на тренерот на Барселона, Чави Ернандез.