Top Sport

Барса, конечно, го регистрираше Гави со дрес број 6

Барселона, конечно, успеа да го регистрира својот талент од средината на теренот Гави како член на првиот тим за настапи во Ла лига, по што тој го врати дресот со број 6.

Гави потпиша нов договор до 2026 со Барса минатиот септември, но Ла лига не им го регистрираше како играч во првиот тим поради финансискиот ферплеј. Во јануари, Барса успеа привремено да го регистрира по одлука на локалниот суд, но неколку месеци подоцна, таа одлука беше преиначена и Гави се врати на договор како младински фудбалер.

Овој договор дозволуваше 18-годишниот Гави да замине како слободен играч ако не биде регистриран до 1 јули. Денеска, официјалниот веб-сајт на Ла лига потврди дека тој е дел од првиот тим со дрес со бројот 6.

Тука не завршуваат проблемите на Барса, бидејќи се надеваат дека ова лето ќе ги регистрираат и новите договори на Роналд Араухо, Ињаки Пења, Маркос Алонсо и Серхи Роберто, посебно откако на 1 јули ќе се ослободатдополнителни средства по заминувањето на Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Scroll to Top