Килијан Мбапе можел да биде совршена замена за Нејмар во Барселона во 2017 година, тврди поранешниот директор на клубот од „Ноу Камп“, Хавиер Бордас, и Каталонците можеле да го добијат за само 100 милиони евра од Монако, но наместо тоа се решиле да го купат Усман Дембеле од Борусија Дортмунд.
Пари Сен-Жермен ја платија откупната клаузула на Нејмар од 222 милиони евра во летото 2017 година и веднаш барале замена за него. Според Бордас, прв пик бил Мбапе, но на крајот се решиле за Усман Дембеле бидејќи техничкиот секретар Роберт Фернандез решил така.
„Пред да потпишеме со Дембеле, агентот Жосеп Марија Мингуела ми се јави да ми каже дека Мбапе е достапен. Зборував со претседателот Бартомеу и тој ми кажа да стапам во контакт со неговиот татко. Ми кажаа дека не оди во Реал бидејќи таму се Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Герет Бејл и дека може да дојде во Барса. Претседателот на Монако повеќе сакаше да оди во Барселона за да не го засили директниот ривал ПСЖ и тоа можеше да се заврши за 100 милиони. Роберт го преферираше Дембеле и доби поддршка. Објаснувањето беше дека Мбапе игра само за себе, а Дембеле е тимски играч“, вели Бордас во интервју за „Мундо Депортиво“.
Каталонците на крајот потрошија 105 милиони евра на 23-годишниот Дембеле, кој имаше повеќе повреди и во три години одигра само 82 меча со 22 гола.