Лионел Меси доби дополнително време за одмор од страна на Барселона, откако клубот му дозволи да остане во Аргентина до Нова Година, пропуштајќи го мечот со Еибар.
Барса на Твитер потврдија дека Лионел Меси, кој ја отслужува својата последна сезона од договорот и веќе во јануари ќе може да почне преговори со други клубови, ќе се врати на тренинзи на 1 јануари, пред мечот со Уеска на 3 јануари.
Меси се врати дома во Росарио, Аргентина со приватен авион веднаш откако постигна гол при 3:0 победата над Реал Валјадолид на 22 декември. Барселона прво не го коментираше отсуството на Меси и покрај извештаите во шпанските медиуми, пред официјалн да одговорат. Меси и покрај тоа што има 17 настапи оваа сезона, останува најдобар стрелец на Барса со 10 гола.
? Vuelta a los entrenamientos de los jugadores disponibles del primer equipo
? Campo Tito Vilanova
? Está previsto que Leo Messi se reincorpore a los entrenamientos después del #BarçaEibar pic.twitter.com/967PVhVutp— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) December 27, 2020