Фудбалскиот клуб Барселона подготвува нова размена во која нивна главна цел е Ерик Гарсија од Манчестер сити. Каталонците веќе направија еден трејд и пред официјалниот почеток на преодниот рок. На „Ноу Камп“ наредната сезона ќе игра Миралем Пјаниќ, а во Јувентус замина Артур Мело.
Ерик Гарсија е централен дефанзивец потекнува од Ла Масија, меѓутоа пред три години ја напушти Барселона и се пресели во Манчестер сити.
Барселона сака да го врати Гарсија, веруваат дека тој ќе биде „новиот Пике“. Младиот фудбалер во финишот на сезоната добива се поголема минутажа од Пеп Гвардиола.
За услугите на Гарсија Барселона го нуди десниот бек Нелсон Семедо.
Доколку клубовите постигнат договор од Сити во Барса ќе се пресели и Португалецот Жоао Кансело.