Top Sport

Барса не може да ја повлече „десетката“ на Меси… Пак поради Ла лига

По вчерашното емотивно збогување со Барселона на Лионел Меси, дел од навивачите на каталонскиот гигант побараа тие да го направат тоа што е практика во многу спортови, да ја повлечат неговата легендарна „десетка“, која никој по него реално не може да ја носи во тимот.

Меѓутоа, Барселона едноставно не смее да го направи тоа, повторно поради ограничувањата на шпанската Ла лига, слично како што не успеаја да го регистрираат договорот на Аргентинецот поради преминување на ограничувањата на буџетот.

Според правилата на Ла лига, тимовите мораат во својот 25-член состав за лигата да ги регистрираат играчите со броеви од 1 до 25. Голманите носат 1, 13 или 25, додека во ретките случаи кога некој друг фудбалер влегува во тимот, се доделува бројка од 26 до 50 (како што Герет Бејл носеше 50-ка за Реал вчера на пријателскиот меч со Милан).

Scroll to Top