Top Sport

Барса не планира да го заддржи Адама Траоре

Барселона не планира да ја активира откупната клаузула на Адама Траоре, што значи дека фудбалерот произлезен од славната „Ла масија“, следната сезона ќе се врати во Вулверхемптон.

Барселона имаше опција да го откупи договорот на Траоре за 30 милиони евра, но Чави Ернандез не смета на него, а клубот не е во финансиска состојба да даде толку пари за еден играч.

26-годишниот Траоре вчера го одигра последниот меч за Барселона, прв како стартер од 27 февруари, откако враќањето во форма на Усман Дембеле значеше дека тој добиваше мала минутажа. Тој има договор со Вулфс до 2023 година.

Scroll to Top