Top Sport

Барса не сакаат „наддавање“ со ПСЖ и се откажуваат од Вајналдум

Барселона не планира да влезе во игра на „наддавање“ со Пари Сен-Жермен во обидот да го донесат Георгинио Вајналдум, откако францускиот клуб во последен момент влезе во игра за досегашниот фудбалер на Ливерпул.

Според „Мундо депортиво“, Барселона по сите финансиски проблеми, не планира да даде подобра понуда за 30-годишниот Холанѓанец, кој заминува од Ливерпул како слободен играч, откако ПСЖ планираат понуда во последен момент.

„Не можам да ги демантирам контактите со Барселона. Само што заминав од Ливерпул и тоа е интересна ситуација за повеќе клубови“, изјави Вајналдум за „Марка“.

„Мундо депортиво“ на насловната праќаат јасна порака: „Ниту едно евро повеќе“, откако ПСЖ понудиле „значително“ повисока плата за Вајналдум.

Scroll to Top