Барселона по секоја цена ќе се обиде во летниот преоден рок да го обезбеди потписот на Лаутаро Мартинез. Напаѓачот на Интер има клаузула во договорот според која од 1 до 15 јули може да замине за сума од 111 милиони евра.
Желба на Барселона е јасна, но исто така јасно е дека на „Ноу Камп“ немаат толку кеш за да го реализираат трансферот.
Барселона понуди тројца играчи (Ракитиќ, Видал и Семедо) во замена за Лаутаро. Интер без размислување ја одбиле понудата. Поради тоа од Барселона биле подготвени во трансферот на Лаутаро да го вклучат Антоан Гризман.
Францускиот напаѓач минатото лето за сума од 120 милиони евра пристигна во Барселона меѓутоа не успеа да ја повтори формата од Атлетико. Во прилог на оваа шпекулација „Газета дело Спорт“ тврди дека во Интер биле заинтересирани за оваа опција.
Проблем во оваа размена секако ќе биде платата на Гризман, тој во годишно заработува речиси 17 милиони евра.