Top Sport

Барса не штеди, даде 10 милиони евра за Матеуш

Барселона е неочекувано најактивниот голем клуб во последниот ден од зимскиот преоден рок, откако потврдија дека склучиле договор за трансфер на младиот Матеуш Фернандеш од бразилскиот Палмеираш.

Откако го обезбедија трансферот на лето на Португалецот Тринкао, Блауграна потврдија дека за 10 милиони евра се согласиле на трансфер на 21-годишниот Матеуш, кој исто така ќе пристигне на „Ноу Камп“ на 1 јули.

Дефанзивецот Матеуш Фернандеш ја почна кариерата во Ботафого, пред минатата година да направи трансфер во Палмеираш. Тој ќе потпише петгодишен договор со Барса со откупна клаузула од 300 милиони евра.

Барса го купи португалскиот вундеркинд Тринкао за 31 милиони евра (видео)

Scroll to Top