Top Sport

Барса не треба да се грижи за иднината – Торелјес е наследникот на Меси (видео)

Каталонскиот гигант Барселона не треба да се грижи за својата фудбалска иднина, откако во нивната славна академија Ла Масија се појави Хенис Торелјес, еден од наследниците на Лео Меси.

На Торелјес, кој игра во У-12 тимот на Барселона, му се предвидува блескава иднина, а и клубот се пофали со последниот меч, откако младиот Шпанец постигна два фантастични гола на ист начин за само две минути.

„Ова не е повторена снимка“, пишува на Твитер акаунтот на Барселона при споделувањето на ова видео.

Scroll to Top