Шпанска Барселона повторно одигра мизерен натпревар надвор од „Ноу Камп“, нов пораз за Каталонците овојпат од хитот во Ла лига, тимот на Гранада со 2-0.
Пулените на Валверде без „првата виолина“Лионел Меси во стартниот состав имаа големи проблеми. Аргентинецот влезе во второто полувреме, но повредата оставила траги.
Барселона западна во негатива уште во 2. Минута, Азез погоди за 1-0.
Вториот шок за Каталонците беше во 65. Минута. ВАР-технологијата покажа дека имало пенал за Гранада.
Алваро Вадиљо шутираше прецизно од белата точка за 2-0.
Гранада по петте премиерни меча во првата шпанска лига собра 10 бода и е лидер на табелата а Барса засега има само 7 бода, со два порази досега, доволно само за седма позиција.