Италијански „Скај“ пренесува вест дека шпанска Барселона му понудила на тимот на Милан 40 милиони евра за на „Ноу Камп“ да го доведе капитенот на „Росонерите“, дефанзивецот Алесио Ромањоли.
Парите дефинитивно добру би му дошле на миланскиот гигант за ангажирање нови играчи, но бордот на клубот експресно ја одбил понудата со образлоение дека Ромањоли не е за продажба.
Паоло Малдини подолг период тврди дека Ромањоли е негов наследник во Милан и дека тој ќе стане легенда на клубот.
Барса очигледно се обиде да ги искористи финансиските прблеми на „црвено-црните“, а згора на тоа 40 милиони евра во денешно време за квалитетен стопер и не се некои големи пари.
Ромањоли кариерата ја започна во Рома. Во 2012 станува дел од првата екипа на „волчицата“. По 3 сезони во Рим, во 2015 премина во Милан.