Лаутаро Мартинез е првиот пик на Барселона за да го наследи Луис Суарез во нападот. Според медиумите Мартинез веќе изразил желба да игра заедно со соиграчот во репрезентацијата Лионел Меси.
„Спектакуларен е, импресивен. Многу е силен, одличен во ситуациите „еден на еден“, постигнува голови, бара топка, се бори за позција…Многу е квалитетен“, изјавил неодамна Меси за сонародникот Лаутаро Мартинез.
Барселона биле подогтвени да реагирата на ист начин како и минатото лето кога го донесоа Антоан Гризман. Лаутаро во својот договор имал клаузула дека може да замине за 111 милиони евра. Клаузулата важела само за периодот од 1 д 15 јули.
Каталонските медиуми тврдат дека Барселона веќе испратиле понуда за Аргентинецот. Тие на Интер му понудиле 70 милиони и двајца фудбалери кои се по вкусот на тренеорт на Интер, Артуро Видал и Нелсон Семедо.
На фудбалскиот пазар Видал се проценува на 20, а Семедо на 40 милиони евра. Доколку трансферот биде реализиран тоа значи дека тој би вредел 130 милиони евра.
Мариенез оваа сезона има постигнато 16 голови, еден од нив против Барселона на „Ноу Камп“ во Лигата на шампионите.