Барселона го победи Реал на „Сантијаго Бернабеу“ 3:0 (0:0) во најголемото светско дерби кое се одигра во рамките на 17.коло во Ла Лига. Барселона сега има 14 бода повеќе од Реал, кој има и натпревар помалку.
Барселона во 175. Ел класико, во шпанското првенство, ја забележа 70.победа, Реал има 72, додека во сите конкуренции ова беше 236.меѓусебен дуел, а Барса ја запиша 93.победа, Реал има 95.
На овој дуел Лео Меси го постигна својот 25 гол во дуелите со Реал, а воедно стана најдобриот стрелец за еден тим во најсилните пет еврооски национални првенства. Голот од пенал беше 526. за Аргентинецот со кој го надмина рекордот на Герд Милер.
Тек на натпреварот:
Веќе во втората минута Реал постигна гол, Кристијано Роналдо го совлада Тер Штеген, но голот е поништен поради офсајд. Варан го доби воздушниот дуел со дефанзивците на Барселона, топката стигна до Португалецот кој барем два метри беше во офсајд.
Наредната добра шанса повторно ја имаше Реал, односно Кристијано Роналдо. На 12 метри од голот на Барселона, Португалецот во добра позиција успеа да ја промаши топката.
Барселона во првите 15-20 минути во целост беше потисната на својата половина, Реал го контролираше ритамот на натпреварот, а Лео Меси имаше големи проблеми со Ковачиќ, кој ракометно кажано играше „фластер“ врз Аргентинецот.
Модриќ креираше акција за Кристијано Роналдо во 21.минута, напаѓачот на Реал бараше позиција за удар, а тоа го искористи Серхио Роберто кој успеа да го блокира обидот на Португалецот.
Првата закан а на Барселона дојде во 29.минута, Меси од 40-тина метри го проигра Паулињо, Бразилецот упати силен удар, но Кејлор Навас исфрли во корнер.
Неколку минути подцна одново во акција беше Роналдо, а неговиот удар со нога го одбрани Тер Штеген.
Нова шанса за отворање на резултатот имаше Бензема чии удар со глава, во 42.минута, заврши во левиот дирек од голот на Барселона.
Барселона започна многу покативно во второто полувреме, таквата игра на Каталонците им ја донесе првата шанса во 53.минута. Меси го проигра Суарез кој упати удар по земја, кој го одбрани Кејлор Навас.
Веќе во наредната акција Костариканецот мораше да капитулира. Бускет исфрли неколку играчи на Реал, топката ја повлече Ракитиќ одигра десно за Роберто кој веднаш на спротивната страна му асистираше на Суарез за 0:1.
Тука започна да се распаѓа играта на Реал, Барселона в вторто полувреме целосно од играта ги исклучи Роналдо и Модриќ, што и беше клуч на натпреварот.
Барселона креираше нова опасна кавија во 63.минута, ударот на Суарез го одбрани Навас, топката се одби до Уругваецот кој биеше во дирекот, а таа топка во голот се обиде да ја смести Паулињо, но на гол линијата со рака бранеше Карвахал. Бекот на Реал доби црвен картон, а Барселона пенал кој во гол го претвори Меси за 0:2.
По вториот гол Барселона се обиде да го смири ритамот, а таквата опредалба му отвори на Реал можност неколку пати да се закани кон голото на Тер Штеген.
Во 78.минута Бејл, кој влезе во игра на местото на Ковачиќ, од пет метри, биеше директно во голманот на Барселона. Две минути подоцна во шанса се најде и Серхио Рамос, чии удар го одбрани Тер Штеген.
Барселона целосно го декласира противникот во 93.минута со голот на Алеш Видал, кој го постигна својот прв гол сезонава. На голот му претходеше акцијата на Меси.