Top Sport

Барса одби да носи бел дрес за 2019/20

Барселона, наводно, одбила предлог за гостински дрес за следната сезона од „Најк“, само бидејќи дресот е во бела боја, карактеристична за омразениот Реал Мадрид.

Иако во дизајнот е вклопен крстот на Сант Жорди, шпанскиот „Мундо депортиво“ тврди дека каталонските гиганти едноставно го одбиле предлогот. Покрај белиот дрес, фудбалерите би носеле и бели шорцеви и чорапи со сини и црвени линии.

Според „Мундо депортиво“, причините се „различни“, но се верува дека главниот проблем е бојата.

Ова не би бил прв бел дрес на Барселона, бидејќи на почетокот на 1990-тите тие носеа бели дресови од „Капа“, кои предизвикаа големи контроверзи во Каталонија.

Scroll to Top