Top Sport

Барса одново преговара со Дембеле за нов договор

Директорот на Барселона, Матеу Алемани ги продолжил договорот со агентот на Усман Дембеле, Муса Сисоко, и покрај тоа што пред неколку месеци изгледаше дека Французинот ќе има „несреќна“ и горчлива разделба со Французинот.

Договорот на Дембеле завршува на крајот на сезоната, а Барселона не успеа да се договори за продолжување на договорот во јануари, кога од клубот дури се закануваа дека тој ќе биде оставен на клупата до крајот на сезоната. Но, под Чави Ернанез, Дембеле доби нова шанса покажувајќи дел од својот талент и покрај бунтот на навивачите, кои минатиот викенд првпат не го пречекаа со свирежи.

Според „Мундо депортиво“, Барселона уште го нуди истиот договор кој Дембеле го одби во јануари, но двете страни се согласиле да се продолжи со преговорите. Дембеле беше поврзуван со Јувентус, Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен во текот на јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top