Top Sport

Барса подготвува нов договор за Меси

Челниците на Барселона се подготвени да влеза во преговори со Лионел Меси околу продолжувањето на договорот, тврди ЕСПН. Доколку се договорат Меси до крајот на кариерата ќе остане во Барселона.

Од 2004 година кога го потпиша првиот договор, Меси вкупно девет пати го ставал својот потпис на договорот со Барса. Според ЕСПН, во името клубот ќе преговара лично претседателот Џозеп Марија Бартомеу, додека таткото на Меси, Хорхе ќе ги застапува интересите на својот син.

Актуелниот договор на Меси истекува во јуни 2021 година, а во него постои клаузула тој автоматски да биде продолжен за уште една година, до 2022. Планот на Бартомеу е Меси да потпише нов четири годишен договор, кој би го задржал во Барселона до неговата 36 година, што значи дека кариерата би ја завршил на „Ноу Камп“.

Истиот извор наведува дека клуч во преговорите ќе бидат амбициите и планот што треба да го претстави клубот, односно Меси барал гаранции дека Барселона ќе активна на фудбалскиот пазар, дека ќе купива врвни фудбалери и дека секоја година прва цел ќе биде трофејот во Лигата на шампионите.

Scroll to Top