По денешните вести дека Барселона ги реши моменталните финансиски проблеми со продавање на 10 отсто од своите ТВ-права за над 200 милиони евра, шпанските медиуми веќе ја кројат листата на потенцијални засилувања во летниот преоден рок.
За првата цел, напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, наводно веќе започнале официјалните директни преговори со Баерн, кои претходно одбија три понуди за Полјакот, а англиските медиуми тврдат дека тие се обидуваат да го „грабнат“ веќе договорениот трансфер на Челси со Рафиња од Лидс јунајтед.
Последната цел, според каталонскиот „Спорт“ е Рубен Невеш, плејмејкерот на Вулверхемптон, откако Манчестер јунајтед не биле подготвени да ги дадат 75-те милиони фунти кои ги бараат „волците“. Барса се поготвени да чекаат за вистинска понуда за Португалецот, кој има уште две години од договорот со премиерлигашот.